-->
-->
Ракетен напад врз аеродромот во Дијабекир
-->

Курдски екстремисти истрелале четири ракети врз аеродромот во турскиот град Дијабекир, во југоисточниот дел од земјата, поради што патниците и персоналот биле веднаш евакуирани.
- Во нападот нема жртви, ниту повредени, а возниот ред на летовите не е нарушен, изјави гувернерот на Дијабекир, Хусеин Аксој.
Ракетите паднале во празен простор во близина на полициски контролен пункт на аеродромот, предизвикувајќи експлозии кои се слушнале во целиот град.
На местото на инцидентот веднаш пристигнала полиција.
Во Дијабекир живее големо курдско малцинство. Нападот е извршен само неколку дена по почетокот на турската воена офанзива во Сирија, која има за цел да ја уништи Исламска држава и да ги спречи курдските борци да заземат територии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
