Ракометарите на Вардар со победа ги почнаа натпреварите во Лига Европа

Македонскиот ракометен вицешампион Вардар со победа од 34:29 против Сесвете од Хрватска го стартуваше настапот во еврокуповите (Лига Европа). „Црвено-црните“ имаа водство во текот на целиот натпревар, а хрватскиот тим само еднаш имаше нерешен резултат 21:21.
Ракометарите на Вардар поведоа со 3:0, а на полувреме предноста беше 19:15. На стартот од вториот дел „црвено-црните“ постигнаа уште два гола за 21:15, но потоа гостите направија серија од 6-0 за првото и единствено изедначување. Во последните 20 минути „вардарци“ ја консолидираа одбраната и стигнаа до посакуваната победа.
Најефикасен кај Вардар беше Дмитро Горига со 7 голови, додека на натпреварот најпрецизен беше Златко Раужан со 9 голови.
Вардар следниот натпревар од групата го игра на гости кај Тулуз на 21.октомври.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
