Loading Video...
Ракомет
3. April 2020 - 19:50

Ракометарите се надеваат на завршница на домашното првенство

Веќе слушаме бројни идеи за враќање на спортистите на терените, се одредуваат и рокови но сето тоа го диригира пандемијата со Ковид – 19.  За привршување на сезоната во домашното првенство размислуваат и  ракометните работници и ракометарите. 
Сите сме желни за спортување но ги почитување мерките на владата изјави поранешниот македонски репрезентативец од екипата на Бутел Златко Мојсоски. 
Веќе три седмици трае паузата во ракометниот шампионат чие продолжување е под знак прашалник.  Доколку дојде до продолжување на сезоната најдобро е да се доигра во турнирски систем од 10 дена по што би го добиле новиот шампион но и екипите кои ќе се изборат за настап во европските купови.  Никој не сака да се прекине Суперлигата но најважно е здравјето на луѓето- изјави Мојсоски за Гол.МК
А денеска е убав ден да се присетиме на уште еден голем успех на македонскиот ракомет.  Европскиот првак Вардар пред точно една година ја освои својата петта титула во  СЕХА лигата. 
Завршниот турнир се одигра во Белорусија а црвено-црните во финалето го совладаа Загреб со 26-23 во меч во кој доминираа од самиот почеток.  Екипата ја предводеше шпанецот Парондо.  Во идеалниот тим на СЕХА лигата место најдоа четворица ракометари на Вардар , голманот Милосављев, капитенот Стоилов, Кристопанс и  Дибиров.