Loading Video...
Ракомет
27. December 2019 - 19:42

Ракометарите завршија со Кувајт, следува гостување во Романија

Репрезентацијата на Кувајт и се реваншира на нашата ракометна репрезентација за поразот во првата средба и вчера во Инџија славеше со 23-22 против подмладениот состав на селекторот Брестовац. 
Според информациите Македонија  која се подготвува за стартот на ЕП во јануари одлично стартуваше со водство од 3-2 но во продолжението Кувајт играше доста агресивно и полувремето го заврши со водство од 14-13. 
Предноста од два гола што Кувајт ја оствари на почетокот на вториот дел беше решавачка за конечната победа од 23-22 во мечот во кој Танкоски беше најефикасен со 4 погодоци додека по три постигнаа Велковски и Поповски. Голот одлично го чуваше Митревски со 12 одбрани. 
Од нашиот табор се жалат дека противникот играл премногу грубо па полесни повреди заработија Танковски, Мишевски и Костески. 
Следува гостувањето на Трофеј Карпати во Романија.