Рама балканската турнеја в четврток ја почнува со посетата на Скопје
Албанскиот премиер Еди Рама в четврток и петок ќе биде на балканска турнеја, во која со своите колеги ќе разговара за кризата во Косово, иницијативата „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес, јавија медиумите.
- В четврток наутро премиерот Рама ќе замине за Скопје. Тоа е неговата прва од петте станици, во земји од Западен Балкан кои не се дел од Европската Унија, што ќе ги посети за два дена. Во Скопје ќе има средба со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски, наведуваат медиумите.
По Скопје, Рама ќе замине за Приштина каде се очекува да се сретне со премиерот Албин Курти.
-Средбата се случува во моменти кога односите на двајцата премиери на Албанците се наоѓаат на најкритичната точка откако Рама застана покрај Западот, барајќи од Курти да направи чекори назад и да создаде асоцијација на општини со мнозинско српско население на север, додаваат медиумите.
В петок Рама ќе отпатува за Белград, каде треба да се сретне со претседателот Александар Вучиќ.
Ќе ги посети и Црна Гора и Босна и Херцеговина за да разговара со тамошните премиери за „важноста на стабилноста во регионот, загрозена од неодамнешните тензии меѓу Србија и Косово“.
-Рама деновиве изјави дека „Отворен Балкан“ ја завршил својата мисија и оти сега 6-те земји ќе ги продолжат своите напори под единствениот чадор што ги зближува сите: Европската Унија преку Берлинскиот процес, кој ќе го има следниот состанок во октомври во Тирана, посочуваат медиумите.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење