Рама: Без Албанците немаше да има Северна Македонија
„Во македонскто собрание се збори албански“. Вака премиерот на Албанија, Еди Рама го започна неговиот говор на централната седница на Вториот самит на дијаспората во Тирана.
Во неговиот говор меѓудругото тој ги споредби настаните што се случиле во временски распон помеѓу првиот и сегашниот самит, истакнувајќи дека албанците тука сега живеат подобро и дека тоа што беше невозможно за македонскиот претседател, сега е реалнoст.
-Не само што Албанците денес се подобро од вчера, туку и она што до вчера за македонскиот претседател беше невозможно за Албанците, денес е реалност, јазикот на Мајка Тереза стана официјален јазик во Северна Македонија, истакна Еди Рама.
Албанскиот премиер понатаму во неговиот говор, заблагодарувајќи му се на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, напомена дека ако ги немаше албанците, немаше да ја има и Северна Македонија.
-Без Албанците немаше да има Северна Македонија, без Албанците немаше да има Преспански Договор, без Албанците немаше да има Северна Македонија во НАТО и ЕУ, рече албанскиот премиер на што доби и громогласен аплауз од присутните.
Ново на Сител
-

Приведен битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава
-

Вашингтон и Сакраменто му понудија договор на Вестбрук пред неговото пензионирање
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
