Рама: Самитот на НАТО во Вилнус е од клучно значење, Албанија е подготвена дополнително да ангажира војници
Албанскиот премиер Еди Рама, во пресрет на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, оценува дека тој е од клучно значење, најавувајќи дека на него ќе ја потврди цврстата посветеност на Албанија кон НАТО и оти неговата земја е подготвена да ангажира дополнителни трупи.
-Со нетрпение го очекуваме клучниот самит на НАТО во Вилнус. Во Вилнус ќе ја потврдиме цврстата посветеност на Албанија кон НАТО, безбедноста на нашите сојузници на источното крило, праведната борба на украинскиот народ и самата потреба за стабилност и фокус на Западен Балкан, напиша премиерот во објавата на Твитер.
Рама посочува дека Албанија ги зголемила трошоците за одбрана во последната деценија од 1,35 отсто на 1,76 отсто од Бруто домашниот производ и додаде дека до 2024 година целта е да се достигне 2 отсто.
-Во последната деценија Албанија ги зголеми трошоците за одбрана од 1,35 отсто на 1,76 отсто од нашиот БДП. Меѓутоа, во вакви моменти е потребно повеќе. Затоа, го задолжив Министерството за одбрана да ја достигне целта од 2 отсто до 2024 година. Иако не сме меѓу богатите членки на НАТО, веруваме дека целта од 2 отсто е подот, а не плафонот на нашата посветеност, наведува тој.
Најави дека во Вилнус, Албанија ќе ја покаже својата подготвеност да се ангажира понатаму.
-Исто така, ќе објавиме дека, доколку е потребно, Албанија е подготвена да ангажира дополнителни трупи за зајакнување на присуството на НАТО. Заедно сме посилни и само заедно можеме да надвладееме во овој многу дефинирачки момент за она во што веруваме, за доброто на генерациите што доаѓаат, заклучува албанскиот премиер Рама во објава на Твитер.
Албанија е членка на НАТО од 2009 година.
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
