-->
-->
Рамос: Ако ме интересираа индивидуални награди ќе играв тенис
-->

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос изјави дека не е заинтересиран за Златната топка и индивидуални трофеи, бидејќи ако било така ќе играл тенис, а не фудбал.
Шпанецот, сепак верува дека има шанса по 11 години да биде првиот одбранбен играч прогласен за најдобар на светот. Последно тоа му успеало на Фабио Канаваро кој ја предводеше Италија до Мундијалско злато.
- Златната топка? Ја освои еднаш Канаваро, тоа не смее да се заборави. Сепак, за мене најважно нешто е да го освојам трофејот во Лигата на шампионите со Реал. Трофеи се освојуваат тимски, тоа ми е на прво место, инаку би играл тенис, изјави Рамос за шпански „Ас“.
Рамос во сабота со Реал Мадрид ќе настапи во финалето на Лигата на шампионите против италијанскиот првак Јувентус
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
