Рамос потпиша со својот нов тим и избра посебен број
Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос и официјално потпиша со мексиканскиот клуб Монтереј. 38-годишниот дефанзивец ја продолжува кариерата откако беше без клуб во последните шест месеци откако ја напушти Севиља.
-Добредојдовте, Серхио Рамос! Повеќекратен шампион со Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. Светски шампион и европски првак со Шпанија. Вашите лидерски квалитети, технички вештини и желба за победа ќе ги однесат „сино-белите“ многу високо, напиша новиот клуб на дефанзивецот.
Рамос избра да го носи дресот со број 93 и тоа, се разбира, не е случајно. Во 93. минута го постигна својот славен гол во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, со што изедначи, а потоа Реал Мадрид победи со 4-1 во продолжението и го зграпчи трофејот.
Според пишувањата на медиумите, годишната плата на Рамос во Монтереј ќе биде 4 милиони евра.
Рамос нема да биде единствениот Шпанец во „сино-белиот“ состав. Тој ќе биде соиграч со Серхио Каналес и Оливер Торес. Тимот вклучува и други познати имиња, вклучувајќи ги Лукас Окампос и Хесус Корона.
По 5 одиграни кола во мексиканскиот шампионат, Монтереј е на 10. позиција со 6 бодови.
Ново на Сител
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин во Скопје - приведени две лица | ФОТО
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“