Рамуш Харадинај доби албански пасош
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај доби албански пасош по итна постапка, откако деновиве не му беше издадена амерканска виза.
Како што јави дописникот на МИА, пасошот најверојатно ќе биде предаден денеска во Тирана, каде допатува во ненајавена посета и веќе оствари средба со шефот на албанската држва Илир Мета.
Издавањето албански пасош на Харадинај доаѓа во време кога Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи имаа полемики околу влијанието на давањето пасоши на Албанија на жители на Косово и нивно користење за патување во земјите од Шенген зоната.
Албанскиот претседател оцени дека тоа може негативно да влијае на албанските државјани.
Инаку, Харадинај и неговата сопруга Анита станаа албански државјани на 24 април 2017 година, со указ потпишан од тогашниот претседател на Албанија, Бујар Нишани.
- На нивно барање им беше дадено албанско државјанство на Рамуш Харадинај и Анита Харадинај, стои на указот објавен на веб сајтот на претседателот на Албанија.
Ново на Сител
-
Започнува Генералното собрание на ОН, Сиљановска Давкова ќе учествува на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери
-
„Јутјуб“ воведува реклами на паузирано видео
-
САД: Жртва на киднапирање се спои со семејството по 70 години
-
Новата сезона во АБА 2 стартува утре со три македонски екипи
-
Менди го продолжи договорот со Реал
-
Верстапен: Второто место е добро достигнување
-
Шолц: Германија нема да ги отстрани ограничувањата на Украина за оружјето со долг дострел за гаѓање цели во Русија
-
Земјотрес и цунами во Јапонија