-->
-->
Рамуш Харадинај поднесе оставка
-->
Косовскиот премиер поднесе оставка откако беше испрашуван од Хашкиот трибунал , кој ги испитуваше злосторствата против етничките Срби за време и по војната во земјата помеѓу 1998 и 1999 година, објави Асошиетед прес.
Рамуш Харадинај објави дека се согласил да биде испрашуван од Хаг следната недела и не сака да го прави тоа како премиер. Тој нагласи дека ја информирал владата дека се повлекува и побара од претседателот Хашим Тачи да распише предвремени парламентарни избори .
Специјалниот суд на Косово во Хаг беше формиран по извештајот на Советот на Европа во 2011 година, во кој беа наведени наводи за масовни воени злосторства извршени од страна на етнички Албанци, припадници на Ослободителната војска на Косово .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
-
Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата
-
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен