Рангник: Ливерпул е шест години пред Манчестер јунајтед
Тренерот на Ливерпул, Ралф Рангник, по синоќешниот убедлив пораз од Ливерпул на гостински терен со 4:0, рече дека противникот има далеку поквалитетен состав.
– Примивме рано гол, ја промашивме првата шанса. Не одигравме добро во првото полувреме. Бевме нешто подобри во првите 25 минути од второто полувреме и вршевме притисок од време на време. Имавме 2-3 шанси, но третиот гол веќе не откажа. Тоа е разочарувачки, фрустрирачки, можеби дури и понижувачки. Мора да признаеме дека Ливерпул сега е шест години пред нас. Клубот се промени кога таму дојде Јирген Клоп. Не само тимот, туку и градот се издигна на ново ниво. Ова треба да ни се случи нас во следните преодни рокови, изјави менаџерот на Манчестер јунајтед.
По 33 одиграни натпревари Манчестер јунајтед се наоѓа на 6. место во поредокот во Премиер лигата со 54 освоени бодови.
Ливерпул е лидер со 76 бода од 32 натпревара пред Манчестер сити со 74 бода од 31 натпревар и Челзи со 62 од 30 одиграни средби.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка