Раониќ против Тим во спор за финалето на Индијан Велс

Канаѓанецот Милош Раониќ и Австриецот Доминик Тим се првите двајца полуфиналисти на турнирот од сериите „Мастерс 1.000“ во Индијан Велс (САД).
Во раниот натпревар од програмата, Раониќ триумфираше со 6:3, 6:4 над српскиот квалификант Миомир Кечманов. Средбата траеше 73 минути, а Раониќ нанижа 13 аса и не загуби ниту еден гем на свој сервис. Канаѓанецот успеа да направи по еден брејк на сервисот на својот млад српски противник и на тој начин, без особени тешкотии, си најде место меѓу четворицата најдобри.
За место во финалето Раониќ ќе игра со Доминик Тим.
Австриецот заштеди напори откако неговиот конкурент во четвртфиналето, Гаел Монфис од Франција не беше во состојба да игра и се откажа од натпреварот поради воспаление на ахиловата тетива на левата нога.
На овој начин Тим се рангира на првиот полуфинален меч на турнир од сериите „Мастерс 1.000“ на тврда подлога.
Подоцна денес ќе станат јасни имињата и на друфите двајца полуфиналист. Швајцарецот Роџер Федерер игра со Полјакот Хуберт Хуркач, додека Шпанецот Рафаел Надал ќе го има за противник рускиот ривал Карен Хачанов.
Ново на Сител
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
