Фудбал
27. May 2021 - 9:11

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд проговори за поразот на неговиот тим во финалето од Лига Европа против Виљареал.

– Јас сум разочаран. Тешко е да се објаснат овие чувства. Дојдовме да победиме, работевме напорно во текот на целата сезона, имавме можност да освоиме трофеј. Треба да разбереме на што треба да се работи. Тимот нема да се предаде, тренерот нема да се предаде, изјави Рашфорд.

Во финалето на Лига Европа, синоќа во Гдањск, Манчестер јунајтед и Виљареал одиграа 1:1, но шпанскиот клуб беше поуспешен на пенали (11:10).