Македонија
21. April 2021 - 17:21

Рашковски оди во притвор

Како што информираа попладнево од Кривичнот суд, прифатена е жалбата на ЈО и донесена е одлука поранешниот генерален секретар да биде испратен во притвор во истражниот затвор во Шутка.

-Заради интерес на медиумите околу предлогот на Јавниот обвинител во однос на „истрагата за набавка на софтвер“ , ја информираме јавноста дека:

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалби изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 16.04.2021 година со кои на Д.Р. и Д.С. им се определува мерка куќен притвор со дополнителни мерки за претпазливост, денеска одржа седница во присуство на странките, по која ценејќи го предлогот како и изјавените жалби донесе решение со кое ја прифати жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна постапка. Со тоа на осомничените Д.Р. и Д.С. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2, информираат од судот.

 

 

Иван Кузмановски