Расказ од Томислав Османли во црногорско списание за литература
Во црногорското списание за литература, култура и општествени теми „Proлеtter“ објавен е сатирично интонираниот расказ „Смук“ на македонскиот автор Томислав Османли.
„Смук“ е куса проза на апсурд кој го доловува парадоксот на оттуѓената, потрошувачката стварност низ ликот на еден новозбогатен ситен трговец. Дејствието се случува во шивачкиот дуќан „Елит“ во која главниот лик го пробува новиот скап косум. Ставајќи ја раката в џеб, тој неочекувано ќе почувствува струење, еден необјаснлив, силен смук. Оваа фантастична сатира за отуѓениот карактер на транзицијата, пишувана во духот на гогољевските прозни апсурди, го предочува џебот како фетиш, но и како простор на струење на длабоката, бескрупулозна алчност. Расказот „Смук“ од Османли на крајот од минатата година беше објавен во белградското левичарско списание „Zent“.
Интернет порталот „Proлеtter“ има седиште во главниот град на Подгорица и покрај прозни и поетски прилози, објавува и есеи, уметничка критика и интервјуа од автори кои живеат и дејствуваат на поранешниот југословенски простор. Негови уредници се белградскиот филмски и литературен критичар Иван Васиљевиќ и хрватскиот поет Марко Погачар. Главен и одговорен уредник е Владимир Ѓуришиќ, музичар, поет и есеист од Црна Гора. Списанието делумно е финансирано со средства на црногорското Министерство за култура.
Ново на Сител
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
-
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска Вараждин
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново