Расказот „Небото на Сукот“ од Томислав Османли објавен на Ладино

Порталот на Европскиот сефардски институт (ISE) го објави расказот „Небото на Сукот“ на македонскиот автор Томислав Османли.
Ова е четврта негова авторска објава на Ладино или Јудео-шпански, јазикот на сефарските Евреи кои по прогонот од Шпанија и Португалија од крајот на петнаесеттиот век ги населувале и нашиве краеви.
Авторка и на овој преводот од еврејскиот прозен копрус на нашиот писател е Шапоре Бланко. Станува збор за почетниот расказ од наградената книга на Османли, во кој главниот карактер, едвај полнолетната Нина, на еврејскиот празник Сукот - на кој се чествува страдањето на Мојсеј и неговите сонародници во текот на четириесетгодишното талкање при потрагата по Ветената земја - живо се присетува на славјата на овој и другите празници, на топлината и твиките драми во својот дом и на својата прва љубов..., една пролетна квечерина, само што пристигната во логорот на смртта Треблинка.
Се очекува повеста „Небото на Сукот“ (El sielo de Sukot) да биде објавена и во списанието „Los maestros“ кое тримесечно се појавува во Брисел.
Книгата „Светилка за Ханука“ составена од девет раскази и новели на јудео-балкански теми, заедно со нашиот автор беше претставена на меѓународната книжевна конференција „Кисуфим“, литературен собир на писателите на еврејски теми „Кисуфим“ во Израел каде Томислав Османли имаше неколку настапи пред останатите учесници и пред бројната публика.
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
-

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
