Распишана меѓународна потерница по хрватскиот тајкун Ивица Тодориќ

Јавното обвинителство во Загреб денеска распиша меѓународна потерница по првиот човек на пропаднатиот малопродажен гигант Ивица Тодориќ. Тодориќ, на кого му беше изречена мерка притвор во негово отсуство, е обвинет за незаконско присвојување на 189 милиони евра.
Заедно со Тодориќ, обвинети се и неговите синови Иван и Анте, како и 12 менаџери и ревизори на Агрокор. Судот сите ги пушти да се бранат од слобода, но побара притвор за Тодориќ. Се претпоставува дека најбогатиот Хрват е во Британија.
Политичкото самоволие и стави крај на правната држава со одлуката за отфрлање на барањето за одредување притвор за раководителите на „Агрокор“ во завчерашната претстава. Им се извинувам на сите чесни луѓе, кои поради политичкиот прогон кон мене, мораа да ја преживеат оваа срамна тортура, соопшти Тодориќ пред неколку дена, откако му беше изречена мерката притвор.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
