„Расплаканото дете“ - ужасен феномен кој и науката не може да го објасни

Ова е еден од оние феномени кои научниците не можат да ги објаснат, па приказната во врска со сликата е обвиена со велот на мистерија.
Малото дете плаче затоа што е злобно. Легендата вели дека оваа слика висела на ѕидот во куќа која до темел изгорела во пожар во 1985 година. Иако куќата целосно изгорела, единствено нешто што се спасило од огнот е само оваа слика. Меѓутоа новите сопственици на сликата во 1988 година исто така гледале како сликата им го уништила и нивниот дом, исто така во пожар. Повторно погодувате, само расплаканото дете преживеало.

Оригиналното дело по чиј урнек настанале бројни верзии и репродукции на расплаканото дете го насликал италијанскиот уметник Џоавани Браголин, а по 50-тите години од минатиот век ширум светот е масовно дистрибуирана репродукцијата на ова дело.
Постојат бројни сведочења на луѓе кои тврдат дека присуството на оваа слика предизвикало трагедија, по што единствено само таа останувала.
Можно е и вашите баби во куќите да имале слична слика, а неретко овој мотив завршувал и на слатки производи.

Ново на Сител
-

Засилени акциските контроли во водите на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
