Раст на прометот на индустријата

Прометот во индустријата во април годинава во однос на април лани бележи пораст од 15,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2016, во однос на април 2015 година, бележи пораст од 4,8 отсто, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 19,1 отсто.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи опаѓање од 19,7 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 17,3 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4 отсто, Капитални производи за 39,3 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 61,3 отсто.
Прометот во индустријата во април 2016 година, во однос на март 2016 година, бележи раст од 1,2 отсто, додека во периодот јануари-април 2016 година, во однос на периодот јануари-април 2015 година, раст од 11 отсто.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
