Македонија
15. April 2016 - 13:15

Раст на прометот во индустријата

Прометот во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари лани, бележи раст од 14,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

На домашниот пазар бележи пораст од 9,5 отсто, а на странски пазари бележи пораст од 16,2 отсто.

Прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, бележи опаѓање од 5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 15,7 отсто. 

Според главните индустриски групи, прометот во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,3 отсто, Капитални производи за 32,6 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 13,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 13,9 отсто.

Прометот во индустријата во февруари 2016 година, во однос на јануари 2016 година, бележи пораст од 9,8 отсто, додека во периодот јануари-февруари 2016 година, во однос на периодот јануари-февруари 2015 година, раст од 11 отсто.