Раст од 4,2 отсто на индустриското производство во октомври
Индустриското производство во октомври годинава во однос на октомври лани е зголемено за 4,2 отсто, додека во периодот јануари-октомври споредено со истиот период лани бележи пораст од 5,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, во октомври годинава споредено со октомври лани, опаѓање има во секторите „Рударство и вадење камен“ за 11 проценти и „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 5,5 проценти, а пораст од 7,8 проценти .во секторот „Преработувачка индустрија“.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2 проценти, Капитални производи за 12.5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8,5 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,3 проценти.
Ново на Сител
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?