-->
-->
Раст за 7,7 отсто на БДП на Грција во вториот квартал од годинава
-->
Бруто домашниот производ на Грција во вториот квартал од годинава се зголемил за 7,7 отсто во споредба со истиот период лани, а за 1,2 проценти споредбено со првите три месеци од 2022 година, согласно податоците од грчката служба за статистиката, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас, коментирајќи ги денешните податоци рече дека „оваа значително позитивна разврска потврдува дека грчката економија, по силното закрепнување во 2021 година, го задржува потенцијалот за раст“ и додаде дека досегашните економски показатели укажуваат на тоа дека растот на БДП за оваа година ќе биде повисок од првичните проценки и „значително повисок од европскиот просек“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица