Расте бројот на повредени во дискотеката во Кочани кои се хоспитализираат
Се зголемува бројот на нови пациенти кои ден по пожарот во кочанската дискотека почувствувале потешкотии при дишењето од вдишаниот чад. Според последните информации од здравствениот кризен штаб во текот на денот уште дваесетина лица од Кочани и Штип кои денеска прв пат побарале лекарска помош се испраќаат на лекување во Скопје. Повеќето од нив имале внатрешни изгореници на дишникот и труење со јаглероден моноксид. Здравствените власти апелираат сите кои за време на трагедијата биле во клубот веднаш да се јават на лекар за да не дојде до влошување на состојбата.
- Се појавува еден нов проблем да има пациенти кои вчера не се јавени и денеска се јавуваат. Јас би сакал да упатам порака до сите кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, а не се пријавиле вчера, ги молам денеска да се пријавуваат, рече Арбен Таравари.
Претходно министерот за здравство информираше дека релативно стабилна е состојбата на повредените кои се хоспитализирани вчера. Сите пациенти од Кочанската и Клиничката болница Штип се пренесени во Скопје. На Клинички, Во Гоб 8 септември и Клиниката за хируршки болести ќе останат 58 повредени, другите се транспортирани на лекување во странство.
- Состојбата на сите пациенти досега е стабилна и е под контрола, рече Таравари.
Ноќеска во Македонија пристигнаа и лекари од Белградскиот Воено медицински Центар, а денеска и од Чешке и Израел, вкупно 15 специјалисти за третман на изгореници, кои им помагаат на македонските лекари во третманот на повредените.
Од синоќа на Институтот за судска медицина е почната и обдукцијата врз телата на почибнатите во трагедијата воп Кочани.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар