Loading Video...
Свет
10. September 2023 - 16:26

Расте бројот на жртви по земјотресот во Мароко

Потресни приказни од Мароко каде земјотресот зеде над 2000 животи. Изгубени семејства и домови. Сепак животот тече понатаму.

И додека локалното население останува да се бори со мизерните услови, туристите го напуштаат Мароко, сведочејки за најстрашниот ден од својот живот.

Во меѓувреме во јавноста излегуваат драматични снимки на оние кои имаа среѓа и инстинкт за преживување во последен момент да си го спасат животот.

Почвата се уште се тресе. Паралелно  продолжуваат обидите за спасување на затрупаните. Се проценуваат и штетите кои се огромни, разрушени се и историски локации во Маракеш.

Земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер кој го погоди јужниот дел на Мароко е најсилниот потрес кој ја погодил земјата од почетокот на 20 век.