Свет
6. September 2022 - 13:37

Расте бројот на жртвите во земјотресот во Сечуан

Бројот на загинати во вчерашниот земјотрес што ја погоди кинеската југозападна провинција Сечуан се искачи на 65 луѓе.    

Речиси 250 лица се повредени, од кои десетина се во потешка здравствена состојба. Спасувачките екипи работат на извлекување на повеќе од 200 луѓе заробени под урнатините, а исто така се обновуваат и водоводната и телекомуникациската мрежа.

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала вчера е регистриран во Сечуан. Епицентарот на земјотресот беше во градот Лудинг, на длабочина од 16 километри, на околу 180 километри југозападно од главниот град на провинцијата Сечуан, Ченгду.