Растот на економијата во првиот квартал 2 отсто

Македонската економија во првиот квартал од годинава бележи раст од 2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,3 отсто, Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 11,7 отсто и Градежништво од 7,7 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 3,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,3 отсто.
Во тој период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 12,6 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7,4 отсто.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
