Расветлена кражбата на парите за пензии за пробиштипските пензионери
Полицијата ја расветли кражбата на пари за исплата на пензиите на пробиштипските пензионери, што се случи на 1 октомври. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од слобода се лишени 19-годишниот А.Д. и 22-годишниот Д.А. А.Д е поштарот кој што тој ден имал задача да ги достави пензиите на пензионерите, а во неговата торба носел 360.821 денари.
-Имено, на први октомври во Полициската станица Пробиштип, А.Д., вработен во АД „Пошта на Северна Македонија“ – Пошта Пробиштип, лажно пријавил дека околу 08.40 часот во близина на „Аква парк“ во Пробиштип, непознат сторител физички го нападнал и му одзел 360.821 денари, наменети за исплата на пензии. По преземени мерки и судска наредба, на 3 октомври полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес на три локации во Пробиштип, при што биле пронајдени парите, како и наркотична дрога амфетамин, вели Панајотова.
Во врска со лажната кражба, на службен разговор во Полициската станица Пробиштип бил повикан и Б.З.(26) од Пробиштип. Панајотова додава дека по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра

