-->
-->
Расветлени 18 тешки кражби во Велес
-->

Секторот за внатрешни работи Велес расветли 18 кривични дела „тешки кражби“ и „кражби сторени на дрзок начин“ од страна на 31- годишен жител на Велес.
Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, денеска информира дека во периодот од септември минатата година до јули годинава осомничениот во различен период од денот на повеќе локации во градот напаѓал жени и ги ограбувал.
Најчесто во центарот на градот, околу поштата и на гробиштата на црквата Св. Спас, од жени на различна возраст (најчесто повозрасни), со употреба на сила, тегнење или туркање им ги грабнувал чантите или паричниците и веднаш бегал.
- Од одземените чанти и паричници, ги одземал парите и златниот накит, додека личните документи и разни други предмети кои биле во чантите ги фрлал во Вардар, во паркови, или ги криел во напуштени куќи. Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на оштетените, информира Стојковска.
Осомниченото лице е познат сторител на вакви и слични кривични дела, за што му се изрекувани и условни затворски казни.
Се работи на целосно документирање на делата, по што ќе следи соодветен поднесок, потенцира Стојковска.
Според Стојковска, вчера во велешко се регистрирани две сообраќајки во која има повредени и странски државјани. На автопатот А1 Стоби-Неготино после натпатникот за село Паликура патнички автомобил марка „шкода фаворит“ со неготински регистерски ознаки управуван од 51-годишен жител на Неготино кој се движел по автопатот, удрил во патнички автомобил марка „цитроен Ц5“ со француски национални ознаки кој бил сопрен на крајната десна коловозна лента за принудно запирање. Повредени се возачот на автомобилот „шкода фаворит“ и двајца сопатници во возилото на возраст од 68 и 46 години од Неготино.
Втората сообраќајка се случила вчера вечер во 22:10 часот на автопатот Р 1 Велес Градско пред бензиската пумпа „Макоил“ кога патнички автомобил марка „мерцедес МЛ 350“ со германски национални ознаки управуван од 56- годишен германски државјанин, удрил во гума со бандаш која се наоѓала на средишниот дел на коловозот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
