Ратификуван Договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово

Собранието денеска го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Владата на Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи и ја констатираше оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци на негово барање.
На 98. седница пратениците дадоа поддршка на предложените законски имени на законите за царинската тарифа и за финансиска дисциплина, во прво читање, и ја заокружија расправата за Предлог законот за урбанистичко планирање, во прво читање.
Со измените на Законот за финансиска дисциплина се намалува надоместот за доцнење и се пренесува надзорот над спроведување на одредбите за деловни трансакции од страна на економските оператори од приватниот сектор од Управата за јавни приходи на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија. Се врши усогласување со Директивата 2011/7/ЕУ за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции. Се допрецизира дека должникот треба да ги исполнува своите парични обврски во договорените рокови без претходно потсетување и опомена од страна на доверителот и се намалува надоместот за доцнење при исполнување на паричната обврска во договорениот рок од 3.000 денари на 2.400 денари.
Со предложените измени и дополнувања на законот за Царинската тарифа се исполнува обврската за транспонирање на националното законодавство утврдена во Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и се обезбедува и правна основа за еднообразна примена на Царинската тарифа. Со законот ќе се овозможи поголема флексибилност во поглед на менувањето на царинската номенклатура, како и услови за потполна примена на интегрираната царинска тарифа што треба целосно да почне да се применува со новиот систем за обработка на царински и акцизни документи.
За измените на законот за урбанистичко планирање, како што предложи ресорниот министер Горан Сугарески, треба да се одржи јавна расправа.
Расправата по 98. седница ќе продолжи по редовната пауза на пратениците.
Ново на Сител
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
