Ратификувана Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд
Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд, усвоена во рамките на Хашката Конференција за меѓународно приватно право во Хаг, од 30 јуни 2005 година има за цел да ја осигура ефикасноста на спогодбите за избор на суд (познати и како „клаузули за избор на форум“ или „клаузули за јурисдикција“), помеѓу страните во меѓународните трговски односи. Собранието ја ратификуваше на 13 август 2024 година.
Со неа на странките им се гарантира дека спорот ќе се решава пред судот кој тие го избрале со спогодбата за избор на суд и дека истата таа пресуда ќе може да се признае и изврши во некоја од другите земји потписнички .Од друга страна пак ,на државата и се овозможува да оствари некои свои јавни политики, на начин што и се гарантира почитувањето на неколку основи за исклучива нејзина надлежност за одредени прашања.
Конвенцијата преставува инструмент кој ќе обезбеди поголема правна сигурност за прекуграничниот бизнис и да креира поволна клима за меѓународна трговија и вложување.
Конвенцијата е обврска и од извештаите на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија, како и годишните состаноци на Поткомитетот за правда и внатрешни работи помеѓу Република Северна Македонија и Европска Унија.
Министерство за правда
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски