-->
-->
Раул ќе биде без помош на дуелите против Чешка и Данска: Македонија без тренер и помошник
-->
Мечот против Чесите се игра во вторник од 20:30 часот, додека дуелот против Данците е вo среда, од 18:15 часот.На натпреварите против Чешка и Данска кои се играат утре и задутре во Вараждин на клупата на Македонија ќе го нема Роберто Гарсија Парондо. Тој се врати во Скопје, а новиот член на стручниот штаб кој ги води средбите нема да биде Хота Гонзалес со оглед на тоа што не е пријавен навреме и не може во текот на првенството да се прават промени на лиценци за водење на натпревар.
Раул Гонзалес, стратегот на македонската ракометна репрезентација, нема да го има Хота Гонзалез на располагање при себе на клупата на натпреварите против Чешка и Данска во наредните две кола на Европското првенство во Хрватска.
Хота Гонзалез не може да биде регистриран кај ЕХФ во оваа фаза на натпреварувањето, па така, Парондо, кој мораше да замине за Скопје, нема да има наследник на натпреварите. Новиот асистент на Раул ќе му помага за време на тренизите, а на клупата крај Раул ќе бидат Александар Царчев и Милчо Чакаревски.
Мечот против Чесите се игра во вторник од 20:30 часот, додека дуелот против Данците е вo среда, од 18:15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп потпиша нови санкции против Куба
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале
-

Фајненшл Тајмс: Вашингтон ги предупреди европските сојузници да очекуваат сериозни доцнења во испораките на оружје од САД поради војната во Иран
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
