Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит – уапсени 48 лица

Најмалку 48 лица се уапсени меѓу нив и бизнисмени, воени лица и полицаец во големата акција на грчката полиција на островот Крит за разбивање на криминална организација активна во трговија со дрога и оружје, уцени и перење пари, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Акцијата започнала вчера наутро и е во тек, а според „Катимерини“ претходела осуммесечна тајна истрага, додека од уапсените, 16 лица се веќе притворени.
Големата криминална организација распространета во неколку градови на островот, тргувала со дрога и оружје, уценувала и изнудувала пари, а преку хотели, ербиенби и бич барови перела пари.
Меѓу членовите имало и воени лица и полицајци, кои или активно учествувале во трговијата со дрога и оружје или криминалната организација ја информирале за активностите на грчката полиција.
„Катимерини“ пишува дека во трговијата со дрога биле вклучени и албански и египетски државјани, додека во шверцот на оружје биле само Грци.
MИА
Ново на Сител
-

71-годишна жена загина во пожар во Ќерамидница
-

Три дена посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Во декември 78,4 отсто од потрошената струја од домашни извори
-

Психијатриска проценка на 25-годишникот што задуши жена во Старо Нагоричане
-

Албанската царина благодарна на македонските власти за дозволата камионите да минуваат преку Блато
-

Сончево и стабилно време до почетокот на следната седмица
-

„Ногата ми беше приклештена, мирисот те успиваше“ - сведочеше придружниот вокал на ДНК
-

Првпат без ниту еден прекршок за поминување на црвено светло преку „Save City“
