Разбојник украл златен ланец од вратот на жена во Чаир
Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против лицето М.К. (18) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршил едно кривично дело „разбојништво“ при што се здобил со противправна имотна корист од околу 15.000 денари. За делото пријавениот од страна на судија во претходна постапка му е одредена мерка домашен притвор и одземена му е патната исправа.
Како што соопшти денеска МВР, кривичното дело пријавениот го извршил на тој начин што додека оштетената се движела по улица „Кемал Сејфула“, следејќи ја во еден момент и пришол од зад грб, ја фатил за златниот ланец која го носела на вратот, ја потегнал и откако не успеал да и го откине, ја фатил за рамената ставајќи и сопка на нозете и туркајќи ја на земја ја удрил два пати со тупаница во пределот на лицето. Потоа повторно ја фатил за ланецот при што успеал насилно да и го откине, и по една споредна уличка незабележан од никого со трчање се упатил во правец на Дижонска.
По превземените мерки и активности, од страна на полициските службеници од одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, утврден е идентитетот и адресата на пријавениот и по претходно издадена наредба од страна на судија на претходна постапка, извршен е претрес во неговиот дом. Истиот ден полициските службеници од ЕПОИ Алфа, го лишиле М.К. од слобода. Тој е задржан во ПС ОН „Бит Пазар“ каде е извршен службен разговор, како и препознавање од страна на оштетената, која со сигурност го препознала пријавениот.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници