Разбудените вулкани во Италија се виновници за земјотресите во регионот
Неодамнешните вулкански ерупции во Италија ослободија голема количина на енергија, предизвикувајќи изместените тектонски плочи да ја задржат својата рамнотежа поради енергетските бранови, поради што доаѓа до тресење и лулање на едната плоча, односно земјотрес – го објаснува потеклото на земјотресите во регионот, директорот на Геолошкиот завод на Србија, Драгоман Рабреновиќ.
Рабреновиќ потсетува дека земјотресите се процеси на површината на земјината кора, дека се краткотрајни и брзи и се случуваат кога се ослободува одредена количина на енергија што се акумулира во подлабоките слоеви на земјината кора.
Тој вели дека рече изместените тектонски плочи можат да укажат на можни процеси, додавајќи дека областа во близина на Драч припаѓа на јужната јадранска плоча, која е тектонски формирана во најмладиот дел од геолошката историја.
Таа денеска е многу сеизмички активна – забележува соговорникот за Н1.
Укажувајќи на картата за историјата на земјотресите во регионот, директорот на Геолошкиот завод посочува дека најсилните земјотреси со јачина од 5 до 7 степени според Рихтер се случиле по истата линија.
Ново на Сител
-
Песков: Путин и Трамп се согласуваат дека е можно мирно решение за Украина
-
Најмалку 20 повредени при влетувањето на автомобил во толпа во Минхен, возачот е уапсен
-
Бугарин приведен во Куманово за измама на повеќе лица
-
Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови
-
АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети, уништени 22,3 тони небезбедна храна | ФОТО
-
Поднесена кривична за директорот и неколку службени лица на РЕК Битола
-
Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски
-
СДСМ оди на избори на 16 март