Македонија
9. May 2018 - 8:51

„Разговор во четири очи“ гостуваше во Велешкиот театар

На Малата сцена на Народниот театар „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес синоќа гостуваше претставата „Разговор во четири очи“ од Ингмар Бергман, во режија на Нина Николиќ, копродукција на Скопје филм студио и Македонскиот народен театар.

Адаптацијата на претставата беше на Тамара Барачков, костимографијата на Ивана Каранфиловска-Угуровска, а сценографијата на Сања Аврамоска.

Во претставата настапија актерите:Амернис Нокшиќи – Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Оливер Митковски/Благој Веселинов, Дарја Ризова, Катина Иванова и Дамјан Цветановски,кои изнудија долг и силен аплауз од велешката публика.