Разговор Заев - Вархеј
Премиерот Зоран Заев попладнево разговараше со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј преку видео конференциска врска. На барање на еврокомесарот тие разговарале за подготовка на економско инвестицискиот план за Западен Балкан, соседската политика и за можноста да се одржи прва меѓувладина конференција со ЕУ.
Европската комисијата останува посветена на помошта во човечки ресури но и финансиски кон Северна Македонија дал уверување еврокомесарот Вархеј. Како што соопштија од владината прес служба, еврокомесарот истакнал дека во моментов траеле последните подготовки околу економско - инвестицискиот план, чија цел е намалување на финансискиот јаз помеѓу земјава и Европската Унија. Планот предвидувал 9 милјадри евра за регионот од Западен Балкан. ПРемиерот Заев пак ги презентирал приоритетите на Владата во новиот 4 г. мандат стои во соопштението од Владата.
Ново на Сител
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
-

Студенти по архитектура изработија идејни решенија за мултимедијален центар во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
