Развиено женско претприемништво доказ за успешноста на една држава
Главен показател за успехот на една држава е колку жените во бизнисот се успешни. Во постигнување на подобри резултати на тој план важно е вмрежувањето меѓу жените претприемачи.
Ова беше истакнато на денешната завршна конференција за вмрежување на тема: „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ“ во Скопје, а која се совпаѓа со одбележувањето на 19 Ноември – Светскиот ден на женското претприемништво.
Форумот, на кој се најавени над 200 претставници од организации, владини институции и жени претприемачи од компании од Македонија и балканските земји, е дел од регионалниот проект „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика – We-Contribute“.
Валентина Дисовска претседател на Здружението на бизнис жени истакна дека со години работат на јакнење на женското претприемништво, и задоволни се од направено на тој план. За поуспешни резултати ја нагласи важноста од донесувањето на Националната стратегија за јакнење на женско претприемништво, за што вели, активно лобираат.
-Тоа ќе биде врв на она што досега сме го работеле, бидејќи ќе имаме дефинитивно еден документ, рече Дисовска посочувајќи ја важноста од проектот We-Contribute.
Министерката без ресор задолжена за привлекување инвестиции Зорица Апостоловска истакна дека опеделбите на Владата за позитивни економски резултати, остварување на одржлив раст и развој дава еднакви можности за сите бизнис-иницијативи вклучувајќи го и женското претприемништво, што се постигнува и преку градењето на институционалениот однос кон жените претприемачи. Во тој контекст Апостоловска покрај зголемувањето во буџетот за 2019-та од 37 проценти на средставтата за конкурентност, исто така ја издвои важноста на владиниот документ – Стратегија за жнеско претпримеништво 2019-2023 која е во финална процедура.
– Со ова стратегија на ниво на владини политики и мерки се конкретизираат определбите за поттикнување и поддршка на женското претприемништво преку остварување на поволен деловен амбиент со обезбедување на системска поддршка за креирање на структурата за неговата поддршка и развој како и промоцијата, вмрежување и застапување на жените од бизнисот. Овој стратешки докуменмт ќе и помогне на Македонија да го следи она што се случува во ЕУ и со определени активности да се изградат претпоставки за користење на релевантните ЕУ фондови. На овој начин го трасираме патот за надминување на структурата на македонското стопанство од аспект на ниската застапеност на жените во сопственичката и управувачката структура на комапниите, која изнесува околу 33 проценти и доближување до таргетот на ЕУ 2020, а тоа е жните да бидат зстапени со најмлаку 40 проценти, рече Апостоловска.
На панел дискусијата посветена на „Важноста на граѓанските организации за ЕУ интегративните процеси во полето на женското претприемништво“ претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска зборуваше за потребите и предизвиците во развојот на женското претприемништво, обидите за воспоставување на стратешки систем, кој ќе биде во функција на поинтензивно вклучување на жените на пазарот на труд, особено на високораководни позиции, но и со овозможување на неопходната поддршка за баланс меѓу приватниот и професионалниот живот.
На конференцијата беше презентирано и кусо шестминутно видео со прашања на жени од бизнис заедницата и одговори на релевантни институции, а ќе следат и БтуБ средби. Настанот е организиран од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.
Ново на Сител
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче
-
СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ закана за граѓаните
-
Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
-
Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето, велат од Еуроњуз
-
Екипи и механизација на ЈП Македонијапат го расчистуваат снегот и ги одржуваат проодни патиштата
-
Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка