Развожаев: Петмина повредени во напад на седиштето на руската флота во Црното Море
Напад со беспилотно летало денеска е извршен врз Генералштабот на руската флота во Црното Море во Севастопол, при што пет лица се ранети, изјави гувернерот на анектираниот полуостров Крим, Михаил Развожаев.
„Утринава украинските националисти решија да го уништат Денот на руската морнарица“, кој денеска се слави во Русија, напиша Развожаев на Телеграм.
Тој рече дека дронот стигнал до дворот на Генералштабот на флотата и дека меѓу вработените во Генералштабот има петмина ранети. Според него, нема загинати.
„Сите прослави поврзани со Денот на руската морнарица се откажани од безбедносни причини“, додаде Развожаев и побара од жителите на Севастопол да не ги напуштаат своите домови „ако е можно“.
За празникот се планирани големи прослави ширум Русија, со парада во Санкт Петербург која ќе ја надгледува претседателот Владимир Путин.
Ова е првпат руските власти да пријават ваков напад од почетокот на нивната офанзива против Украина на 24 февруари.
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари