РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо

Грант во износ од 500 илјади евра за реализација на проект „Паметна обука во преработката на производи од млеко и месо“ на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и средното општинско училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе, заедно со шест претпријатија ќе биде доделен денеска во рамки на четвртиот национален настан за доделување грантови во Македонија од страна Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), кој е организиран во соработка со Стопанската комора, како дел од активностите во рамки на одржлива конкурентност на бизнисите од Западен Балкан на патот кон единствениот пазар на ЕУ.
На четвртиот национален настан за доделување грантови во Македонија од страна на РЦФ, чија цел е поддршка на развојот на стручното образование и поврзување со бизнис секторот, ќе се обратат министерката за образование и наука Весна Јаневска, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, германската амбасадорка Петра Дрекслер, заменик шефот на мисијата во Амбасадата на Швајцарија, Михал Харари, директорот на Канцеларијата на Германската банка за развој во Северна Македонија и Косово, Мориц Реме и Балша Чулафиќ, проектен координатор на РЦФ во име на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан.
Со средствата, како што соопшти МОН, ќе се изгради и опреми современ Центар за обука за преработка на млеко и месо, ќе се изработат наставна програма и материјали за учење, со што ќе бидат поддржани две квалификации: Млекопреработувач и Преработувач на месо и месни производи.
На четвртиот повик во сите шест земји од Западен Балкан пристигнале 187 пријави за интерес, од кои 14 се од земјава. Комисијата за избор, согласно расположливите средства во Фондот, одлучи да го финансира споменатиот проект од земјава со вкупен износ од 495.350 евра. Овие средства ќе се искористат за подобрување на инфраструктурата на образовна установа и за обезбедување обука на учесниците во програмите за кооперативно образование, соопштуваат од Стопанска комора.
По повод официјалното соопштување на добитникот на грантот од четвртиот повик ќе бидат презентирани и резултатите од претходните три повика во кои учествуваа конзорциуми од компании, средни училишта и факултети.
Во четирите отворени повици, Регионалниот фонд за предизвици поддржува вкупно 17 проекти со 91 партнер претпријатие во Македонија во износ од 7,63 милиони евра.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
-

СДСМ: Срамни обиди за рехабилитација на осудените за 27 април
-

Стартува реконструкцијата на Универзална сала
-

Државата се дигитализира, но не сите со исто темпо
-

Дојран ја подготвува првата инклузивна плaжа во државата
-

Преглед на вестите од светот
