Македонија
12. April 2016 - 20:19

Реакција на ДС на одлуката на претседателот Иванов

Демократскиот сојуз попладнево преку соопштение побара да се одржи итна седница на Парламентот, на која ќе се отвори постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов поради неговата денешна одлуката.
 
- Претседателот Ѓорге Иванов изврши своевиден „државен удар" врз Уставниот поредок и врз владеење на правото, со одлуката за аболиција, се наведува во соопштението на партијата.
 
Од ДС оценуваат дека со оваа одлука се вовлекува Македонија во вонредна состојба.