Реакција на Единствена Македонија за изрекување на тригодишна забрана за влез во Грција на Емилија Гелева
Единствена Македонија реагира на вчерашната мерка на Грција за одбивање влез на граница и изрекување тригодишна забрана за влез и за Емилија Гелева претседателката на Унијата на жени на Единствена Македонија и членка на Извршниот комитет на партијата.
Потсетуваме, пред една недела, на 17 јуни беше одбиен влез и на пошироката делегација на Единствена Македонија која одеше во Нивици, Беломорска Македонија по повод петгодишнината од склучувањето на т.н преспански договор и притоа на претседателот Бачев и членови на партиското раководство исто така беше изречена тригодишна забрана за влез во Грција.
Ова веќе станува тенденција во однесувањето на Грција. Државите како субјекти на меѓународното право и членки на меѓународната заедница имаат определени права и обврски. Република Македонија има меѓународно правно-признато право и обврска да ги заштити своите државјани од незаконското постапување на трети држави.
Затоа, македонското министерство за надворешни работи треба да го повика грчкиот амбасадор во Скопје и да побара објаснување за ваквите мерки спрема Единствена Македонија кои немаат основа во меѓународното право.
Определбата на Единствена Македонија за поништување на преспанскиот договор не претставува легална основа за ваквите незаконски, неевропски и антицивилизациски мерки од Грција спрема партијата Единствена Македонија.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Ново на Сител
-
Одложени консултациите кај Сиљановска за реформи на системот за помилување
-
Објавена најновата верзија на охридскиот аеродром изработена за „Microsoft Flight Simulator 2024“ | ВИДЕО
-
СДСМ најавува кривична пријава за директорот на АНБ Бојан Христовски
-
Пад на продажбата на автомобили во Европа
-
Масовниот туризам ја нагрдува плажата „Златен рог“ во Хрватска
-
Утре слаб локален дожд, а потоа стабилно, суво и постудено
-
Уапсен 21-годишен шверцер на мигранти од Тирана, бегал од полиција па излетал од патот
-
Во ЕУ струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија