Реакција на Еуромакс Ресоурцес
Еуромакс Ресоурцес ја известува јавноста дека согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета побара од одредени поединци да се извинат за паушалните и манипулативни изјави кои ниту се поткрепени со факти ниту со експертско мислење. Истите беа објавени на социјалните медиуми со цел да наштетат на реномето на Еуромакс, како и на проектот Иловица – Штука, а со тоа и врз вредноста на акциите на компанијата, која котира на берзата во Торонто.
Дозволете да потенцираме дека во барањата за извинување кои се доставени до поединците нема закани, туку едноставно барање за извинување согласно роковите пропишани со Законот за граѓанска одговорност со цел населението да биде запознаено со вистинските информации и факти за проектот.
Бидејќи повторно се продолжува праксата на давање неточни информации, во таа насока би сакале да појасниме дека барањата беа пратени во петок на 15 февруари 2019 година и во истите се наведени изјавите кои беа дистрибуирани на социјалните медиуми и понудена им е можност да се извинат.
Во текот на 2018 и 2019 година, Еуромакс активно продолжи да соработува со заедницата, каде што заедно со експерти од областа на рударството го презентираа проектот. Дополнително поединците беа повикани со цел да се воспостави комуникација, но нашите обиди беа неуспешни.
Еуромакс ќе продолжи во насока на правилно информирање на јавноста за проектот Иловица-Штука со цел запирање на дезинформациите и ги повикува сите заинтересирани страни да се обратат до Еуромакс за сите прашања во врска со проектот.
Еуромакс ќе продолжи да ги користи сите правни механизми за да спречи ширење на дезинформации и лажни вести за проектот и компанијата.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково