Реакција на МТСП во врска со изградбата на дом за стари лица во Гази Баба
Министерството за труд и социјална политика ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека е блокиран проектот за изградба на дом за стари лица во општина Гази Баба.
Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека Владата на СДСМ со новиот ребаланс ги укинува предвидените пари за изградба на пензионерски домови и домови за стари лица со што, како што рече, удира врз интересите на старите лица и пензионерите.
МТСП во реакцијата наведува дека со ребалансот на буџетот се скратени средства за почеток на изградба на домот од причина што проектот не може ни да почне поради нерешени имотно-правни односи, односно затоа што за еден објект се одвива постапка за експропријација преку Државното правобранителство.
- На барање на Државното правобранителство, Министерството за труд и социјална политика се обрати до Општина Гази Баба за да се обезбедат потребните информации за објектот за завршување на постапката за експропријација и со тоа да се овозможи конкретната реализација на овој проект. Финансиските средстава за домот за стари лица во Гази Баба ќе бидат издвоени тогаш кога ќе има реална можност да се започне со изградба, спротивно на досегашната практика на креирање лажни буџети, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Според МТСП, неосновани се обвинувањата дека Владата не води грижа за пензионерите и постарите лица. Министерството посочува дека вчера на седница на Советот за социјална сигурност се усвоени низа проекти за унапредување на социјалната сигурност и стандардот на пензионерите. - Тоа е само почеток на мерките и реформите кои ќе ги спроведеме во наредниот период, наведува МТСП во реакцијата
Ново на Сител
-
Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември, граѓаните да ги заменат навреме
-
Втор „обид за убиство“ врз Трамп во рок од два месеца
-
Најмалку осум загинати во поплавите во Европа
-
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
-
Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени
-
КИНСИВ во М-НАВ ќе го истражува безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември
-
Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР
-
Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките