Македонија
2. March 2017 - 10:13

Реакција на Рама на обраќањето на Иванов

По вчерашното обраќање на македонскиот   претседател Ѓорге Иванов, во кое  кажа дека не му го доделува мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, првата реакција од Албанија дојде од премиерот Еди Рама.

На неговиот профил на фејсбук и твитер тој наведува дека албанскиот јазик е  јазик на еден државотворен, а не на непријателски народ.

- Господине Иванов,албанскиот јазик не е јазик на непријател, туку на државотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија, сакан Претседателе, напиша Рама на социјалните мрежи.

Инаку, албанските медиуми отстапија широк простор за обраќањето на Иванов, посебно на делот каде зборува за Платформата на Албанците.