Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Костадин Костадинов

Костадин Костадинов лаже како Зоран Заев.
Костадин Костадинов исто како и Зоран Заев не ги интересира Македонија, туку ги интересира ширење на лажни вести преку кои се надеваат дека повторно ќе ги измамат граѓаните за да продолжат да крадат.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не кажал дека Претседателот на Франција Емануел Макрон бил во право за блокирање на Република Македонија.
Напротив, Претседателот на ВМРО ДПМНЕ во интервјуто за Вечерњи лист има посочено десетици примери на криминал и корупција на Зоран Заев и неговите соработници кои му дадоа алиби и на Претседателот Макрон и на други лидери да не дадат зелено светло за доделување на датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.
Целата статија може да ја прочитате на следниот линк:
На лагата и се кратки нозете. Залудно измамникот Заев и неговиот послушник Костадинов се обидуваат да ја префрлат вината на друг. Нивната лага дека сме добиле датум за преговори уште минатата година им тежи.. Секој чесен човек, кој има малку образ би се повлекол после ваков срам.
Јасно е дека тоа не важи за измамникот Зоран Заев кој продолжува да и нанесува штета на Република Македонија.
Република Македонија со Зоран Заев на власт нема перспектива. Затоа граѓаните на 12 април ќе го казнат Зоран Заев, по што новата власт на ВМРО ДПМНЕ ќе ја врати државата на европскиот пат.
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
