Македонија
23. April 2017 - 19:00

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи грижа и унапредување на здравството во Република Македонија и за разлика од СДСМ се што ветува и реализира, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ за Клиничкиот центар.

-ВМРО-ДПМНЕ ги спроведе најголемите реформи во здравствениот сектор во Република Македонија од осамостојувањето до денес. За разлика од времето кога СДС имаше можност да биде власт, сега здравството е издигнато на сосема ново ниво, се наведува во реакцијата.

Според нив за разлика од СДСМ кога, како што велат, создавал вештачка криза за лекови, тие ставиле крај на таквото самоволие.

-ВМРО-ДПМНЕ во здравството инвестираше над 110 милиони евра во изградба и реконструкција на јавни здравствени установи ширум Републиката и други 115 милиони евра за набавка на нова медицинска опрема, отвори целосно нова државна кардиохирургија, инвестираше во нов ПЕТ - Центар за рана дијагностика на малигни заболувања, вети и изгради нов објект на Детската болница во Козле, вети нов Клинички центар во Штип и истиот е во фаза на изградба, ветува нов Клинички центар во Скопје и истиот ќе го изгради, истакнуваат од партијата.

Велат дека граѓаните препознаваат кој работи во нивна корист, а кој одработува за туѓи интереси и турка туѓи платформи.