Реакција од ВМРО – ДПМНЕ на соопштението од СДСМ
Јавноста станува сериозно загрижена за паранојата и забеганоста во СДСМ. Прво бараа ВМРО-ДПМНЕ да ги осуди пожарите, сега бараат фотографии да добиваат од секоја активност на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Очајно и мизерно, но да е уште пострашно ја покажува целата тоталитарност и нервоза која владее во криминалниот картел на власт предводен од Заев.
Одговори и одговорност пред граѓаните треба да има од Заев, затоа што тој должи да каже зошто излажа дека нема фирми во странство, а постојат најмалку три семејни фирми во Петрич. Заев должи да одговори зошто ја лажеше јавноста за живот. Заев должи одговори за причините за економски колапс, осиромашување, на сметка на непотизмот, растечката корупција и криминал во Македонија.
СДСМ наместо да праќа криминални агенти со луксузни возила, треба да се подготви за жестокиот пораз кој што граѓаните ќе им го испорачаат на претстојните избори.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
-

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција
-

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за крај на војната е завршен

