Реакција од ВМРО-ДПМНЕ за осудата од ЗНМ за нападот врз Ивановски
Здружението на новинари на Македонија и нејзиниот претседател Насер Селмани денеска излегоа со срамна одбрана на платеникот на СДСМ Саше Ивановски Политико, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
- Тие луѓе што го злоупотребуваат Саше Ивановски го гледаат во него тоа што целата јавност го гледа, но СДСМ, Сорос и одделни новинари се смеат и ликуваат кога ќе успеат да го набуцкаат од себе да го прави тоа што го прави. Тие не само што го толерираат, туку го стимулираат и оправдуваат неговото агресивно однесување. Веројатно и го плаќаат, стои во реакцијата.
Во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ се вели дека ЗНМ и Насер Селмани со ова практично наместо да ги штитат, се првите кои ги газат новинарските стандарди и охрабруваат рушење на слободата на говор и приватноста. Со оваа денешна реакција, се подвлекува, ЗНМ оправдува непрофесионално однесување.
- ВМРО-ДПМНЕ секогаш застапува ставови за професионалност во извршување на новинарската професија, но и ставови кои значат заштита на личниот интегритет и безбедноста на секој граѓанин, независно дали се работи за политичар, новинар, уметник, поет или друг граѓанин, се посочува во реакцијата од партијата.
Од ВМРО - ДПМНЕ потсетуваат дека од ЗНМ и Насер Селмани немаат ниту една единствена реакција на нападите, говорот на омраза, загрозувањето на приватноста, кои, стои во реакцијата, во континуитет ги прави Саше Политико.
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград