Реактивиран пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење

Пожарот во кавадречко повторно е реактивиран и проширен на тешко пристапен терен, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека два „ер трактори“ на ДЗС започнале со дејство.
На лице место е и градоначалникот на Кавадарци Јанчев, информира Ангелов.
Јанчев, пак, на Фејсбук објави дека поради високите температури и силниот ветер, пожарот во околината на село Раец повторно се разгорел и состојбата останува сериозна.
-Сите расположливи екипи се на терен и вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Во гаснењето се вклучени пожарникарите, екипите на Дирекцијата за заштита и спасување со воздушна поддршка со два авиони, припадници на Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција, како и екипи од Шумско стопанство – Кавадарци - истакна градоначалникот.
МИА
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
